Кими Антонели продолжува со сензационалните настапи на стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот.
Младиот Италијанец втор пат се искачи на највисокото место на пиедесталот. Откако пред две недели во Кина, втор најмлад победник во историјата.
Тој утринава беше најдобар во третата овосезонска трка возена на патеката Сузука, за Големата награда на Јапонија. Италијанецот донесе нова победа за Мерцедес, додека Ферари и Мекларен останаа во сенка.
Антонели стартуваше од пол-позиција и ја задржа доминацијата низ целата трка, со 13,7 секунди предност пред Австралиецот, Оскар Пјастри од Мекларен кој заврши втор. Подиумот го пополни Шарл Леклерк од Ферари.
Со новата победа, Антонели ја презеде водечката позиција во генералниот пласман. Мерцедес ја продолжува совршената серија на почетокот од сезоната. Италијанецот стана сензација во Формула 1, покажувајќи дека е подготвен за големи предизвици.
Следната трка во Формула 1 е закажана за Големата награда на Мајами дури на 3 мај. Ова поради воениот конфликт на Блискиот Исток, што доведе до откажување на трките во Бахреин и Саудиска Арабија.



































