Одбојкарите на УГД шШтип се победници на првото издание на Суперкупот на Македонија. Во финалето во тетово, а кое од годинава го носи името на легендарниот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ кој го одбележува својот 50-ти јубилеен турнир, штипјани беа подобри од велешки Борец.

Актуелниот шампион и освојувач на куп трофејот од минатата сезона, УГД Штип експресно во три сета беше подобар од велешани.

Иако мечот штипјани го добија со 3:0 сета сепак во сите три влешкиот состав беше рамноправен противник до средината. Потоа пресуди искуството и подолгата клупа која на располагање ја има актуелниот шампион.

Од 19:30 часот следува женското финале меѓу шампионот Работнички Скопје и куп-освојувачот Вардар ЕМ.

Следете нé на социјалните мрежи