Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе го игра четвртиот натпревар во УЕФА Лигата на нации.
Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија во реванш дуелот ни ги овие две селекции.
Швајцарците го добија првиот меч во Скопје се убедливи 3:0, па јасно е дека и на утрешниот натпревар важат за фаворити.
Ова меѓу останатото како и со неколку новитети го најави селекторот Гоце Седлоски на вечерашната официјална прес-конференција.
„Веќе игравме со Швајцарците многу пати кажав дека знаеме за каков противник се работи. Очекува да одиграме квалитетно, поофанзивно, да дадат играчите се од себе.
Мора да ги надминеме грешките од првиот меч во Скопје. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме и головите што ги примивме, со колективна игра, еден за друг. . “, изјави макеоднскиот селектор.
Селекторот Седлоски на располагање ќе ги има сите фудбалери, меѓу нив и Алиоски. Сепак Седлоски утре ќе реши кои 11 ќе го започнат натпреварот.
„ Здравствениот билтен е добар, немаме повредени, сите се во тренажен процес и се спремни за мечот.
Ќе има и новитети во тимот, повторно ќе има нови играчи, ќе има свежи играчи затоа што мора да признаеме дека претешко е во само десет дена да се одиграат четири натпревари.
Кој ќе игра и во каква формација ќе играме ќе видиме утре “, нагласи Седлоски.
Утрешниот дуел што ќе се игра во Луцерн меѓу Швајцарија и Македонија ќе почне во терминот од 20.45 минути.

































