Денеска во Нион ќе се одржи ждрепката за баражите и четвртфиналните натпревари во УЕФА Лигата на нациите. Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го дознава противникот за баражот во Лигата на нациите, каде што ќе се бори за опстанок во Б сегментот.
Македонија е сместена во првиот шешир како носител, заедно со селекциите на Израел, Романија и Грузија. Потенцијални ривали од вториот шешир ни се второпласираните репрезентации од Лига Ц. Тоа се селекциите на Естонија, Белорусија, Фарските Острови и Кипар. Според правилата на УЕФА, нашата репрезентација првиот натпревар ќе го игра на гостински терен, а реваншот пред домашната публика.
Покрај баражите, денеска ќе бидат извлечени и четвртфиналните двојки во елитната Лига А.
Статус на носители во првиот шешир имаат победниците на групите: Англија, Португалија, Франција и Германија. Во вториот шешир како неносители се најдоа второпласираните Шпанија, Белгија, Холандија и Норвешка. Единственото ограничување е што во четвртфиналето не можат да се сретнат репрезентации кои веќе играа во иста група.
Првите натпревари од баражите и четвртфиналето се закажани за 25 или 27 март 2027 година. Реванш-дуелите ќе се одиграат неколку дена подоцна, на 28 или 30 март.
Ждрепката во Куќата на европскиот фудбал во Нион започнува точно напладне, во 12:00 часот.































