Актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром извојува победа над МКК Куманово во премиерниот натпревар од новата сезона во машката Супер лига. Аеродромци пред своите навивачи го совладаа Куманово со 85-77.

Првиот период мина во израмнета игра, а на паузата по десетте минути се замина со 19-19 по првата четвртина. МЗТ Скопје направи клучна разлика во втората делница која ја доби со 33-19 и на полувреме замина со предност од 14 поени разлика.

Кумановци се вратија во игра во третиот квартал во кој надополнија девет пени од негативата. Избраниците на Докузовски, одиграа одлична трета делница и успеаја резултатски да се доближат на -5 (63-58). Сепак, искуството на МЗТ Скопје пресуди во завршните минути. Немаа сили кошѓаркарите на Куманово за целосен престврѕ, па МЗТ победничлки ја запопна одбраната на титулата.

Најефикасни во победничкиот табор беа Тадиќ и Варнер со по 15 постигнати поени. Одличен настап за поразениот тим имаше новото засилување, макеоднскиот репрезентативец Адем Мекиќ кој беше најефикасен на натпреварот со 24 поени, на кои додаде по шест скока и асистенции.

Овој триумф е одличен старт за сино-белите во одбраната на кошаркарската титула во домашното првенство. Од друга страна, МКК Куманово покажа дека ќе биде сериозен конкурент и незгоден ривал оваа натпреварувачка сезона.

Утре и задутре ќе се играат другите натпревари од првото коло.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа О П И кош +/- Б