Екипата на Еурофарм Пелистер ја остари четвртата победа во домашното, македонско првенство.

Во првиот натпревар од 5.коло на машката Супер лига, Еурофарм Пелистер како гостин го совлада скопски Бутел со 21-34.

Освен почетните водства на Бутел со 1-0 и 2-1, се натаму беше во знакот на гостите од Битола. Избраниците на Червар брзо го свртеа резултатот во своја полза и во еден миг имаа пет голови предност. На паузата по првиот дел заминаа со водство 12-14.

Во вториот дел, пелистерци ја потврдија фаворитската улога и од минута во минута ја зголемуиваа предноста, која на кракот изнесуваше 13 гола разлика.

Капитенот Филип Кузмановски со 8 голови беше прв стрелец во победничката, а кај поразената екипа на Бутел, Дејан Михајловиќ кој постигна 5 гола.

Овој натпревар се одигра порано, поради обврските на битолчани во ЕХФ Европската лига. Пелистерци во вторник (6 октомври) ги чека тешко гостување во Чешка против екипата на Вибеже Гдањск.

Битолчани во моментов со 9 бодови се први на табелата очекувајќи гио резултатите на другите ривали за највисок пласман.

Останатите натпревари од ова суперлигашко коло ќе се играат утре, а дербито е во СЦ „Јане Сандански“ каде шампионот Вардар го пречекува Охрид во терминот од 18.30 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б