Новата сезона во машката кошаркарска супер лига стартува вечерва. 

Уште во примерното коло, ждрепката посака, да гледаме реприза на ланското финале на Купот и годинашниот во Суперкуп. 

На дуелот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја почне против Куманово. 

Освоениот трофеј во Суперкупот против кумановци, за аеродромци секако е мотив повеќе за победа во вечерашниот натпревар. 

„За нас сезоната со одигрувањето на Суперкуп натпреварот веќе започна. Една победа која дополнително ни ја крена мотивацијата и фокусот за претстојната сезона, секако првото коло е за нас отворање на натпреварите на домашен терен, кој носи своја одговорност и тежина, која ја има МЗТ Скопје“, изјави тренерот на МЗТ,  Васко Атанасов.

Предводникот на Куманово и поранешен на македонски селектор Марин Докузовски, очекува борба не само вечерва туку и во текот на целата сезона

„Имаме уште простор за напредок, но стартот го дочекуваме подготвени. Победата на стартот е многу важна за самодовербата. Сакаме од првиот натпревар да покажеме енергија, карактер и дисциплина. Пораката до навивачите е јасна: ќе се бориме на секој натпревар и ќе дадеме максимум за нашиот клуб“, истакна Докузовски. 

Дуелот пред шест дена во Куманово заврши со само два поени разлика во корист сино-белите од Аеродром.

Каков ќе мине вечерва суперлигашкиот дуел, останува да видиме, во натпреварот што ќе стартува од 19 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа О П И кош +/- Б