Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја потврдија доминацијата и го освоија првиот трофеј во новата сезона.

Аеродромци вечерва во Куманово во неизвесен дуел против славеше со 70-68 над домашниот тим на МКК Куманово во натпреварот од Суперкупот.

Избраниците на Васко Атанасов го контролираа резултатот од почетокот до крајот, не дозволувајќи неизвесност за конечниот победник.

Најефикасни во победничкиот табор беа Американецот, Фаракан со 20 и Војдан Стојановски кој постигна 16. Двоцифрен беше и Лука Стојановски со 11 поени.

Ова е вкупно деветти пехар за аеродромци во ова натпреварување и осми во низа, збогатувајќи ги своите витрини со вкупно 35-тиот пехар.

МЗТ во новата сезона го чека настап на три „фронта“. Покрај домашните обврски во првенството и купот, каде ги брани титулите, сино-белите ќе играат и во АБА2 лигата и ФИБА Еврокуот.

Следете нé на социјалните мрежи