Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја очекуваат последните двата натпревари во квалификациите за Европското првенство. 

Дуелите против Црна Гора во Скопје и Шведска на гости нема да променат многу во однос на пласманот на Македонија. 

Македонските младински како претпоследни влегуваа во овие два дуели, а заостануваат четири бода токму зад Шведска и Црна Гора.

Денешниот натпревар со Црногорците ќе биде и официјално деби за новиот селектор Александар Таневски, која ја предводеше репрезентацијата и на пријателскиот меч со Русија пред три дена. Таневски очекува тимот да покаже карактер и дисциплина, но и јасна идеја за начинот на кој сака да игра.

„Пред се, против Црна Гора, особено бидејќи тоа ќе биде мојот прв официјален натпревар како селектор на репрезентацијата, сакаме позитивен резултат и победа.

Сакам да видам карактер и дисциплина, но и начинот на кој сакаме да играме во иднина. 
Овие натпревари се важен дел од подготовката за следниот квалификациски циклус.

Сакаме да им дадеме простор на играчите кои имаат потенцијал и да видиме кои можат да одговорат на барањата на ова ниво“, истакнува Таневски.

Првиот, денешниот, натпревар против Црна Гора, репрезентацијата на Македонија ќе го игра во Битола, а ќе почне од 18 часот.