Новата сезона во машката кошаркарска Супер лига стартува утре (оеток).

Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја почне во дуелот против МКК Куманово. Тоа е воведниот натпревар од првото коло кај суперлигашите кои годинава ги има десет на број и реприза на Суперкупот од пред шест дена.

Во првата фаза ќе се одиграат вкупно 18 кола. Шесте првопласирани екипи (1 до 6 место) ќе продолжат во плејоф конкуренцијата во која ќе се борат за четирите места што водат во полуфиналето.

Новитети што годинава во плејофот нема да има четвртфинална фаза. Четирите прво рангирани екипи, директно ќе играат во полуфиналето. Во него наместо како досега во два, ќе се игра на три добиени натпревари за големото финале.

Тимовите што во првата фаза ќе завршат на последните четири позиции (7 до 10 место) ќе разигруваат во плеј-аут конкуренцијата.
По завршувањето на плеј-аут фазата, екипата која ќе го освои 10.место директно испаѓа од Супер лигата мажи.

Екипата која ќе го освои 9.место игра бараж за место во Супер лигата мажи против второпласираната екипа од Првата лига.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа О П И кош +/- Б