Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер ги финишира подготовките пред утрешниот прв предизвик на меѓународна сцена. Пелистерци пред своите верни навивачи ја пречекуваат шпанската екипа Логроњо Ла Риоха. Ова е натпревар од првото коло во групната фаза од ЕХФ Европската лига.
Предводникот на зелено-белите, искусниот стратег Лино Червар, повика на максимална ментална сила. Тој бара енергија и агресивна дефанзива за позитивен резултат. Искусниот стратег исклучително многу го цени шпанскиот ракомет. Червар потенцира дека Ла Риоха е клуб со голема традиција. Тој веќе има богато искуство со овој противник во минатото. Поради тоа, трофејниот тренер очекува тешка тактичка битка.
„Добро сработивме до почетокот. Утре, односно задутре, нè очекува нашиот прв противник Ла Риоха. Многу го цени шпанскиот ракомет, тоа е клуб со голема традиција против кој веќе имам играно и сигурно е дека нè чека тежок натпревар.
Ќе ни биде потребна многу енергија и ментална сила. Посебно сметам дека е важна нашата одбрана, бидејќи оној кој има добра одбрана, има и голема шанса да го добие натпреварот“, истакна Червар.
Очекувањата кај јавноста се навистина големи за овој прв европски испит сезонава. Трофејниот тренер е задоволен од атмосферата во соблекувалната. Тој верува дека неговиот тим ќе ја оправда домашната улога. Сепак, Червар бара силна поддршка и синергија со навивачите од трибините.
„Ова е наш прв натпревар во Европа годинава, луѓето очекуваат многу од нас. Јас сум задоволен од атмосферата меѓу играчите и очекувам полна публика.
Навивачите се силно врзани за нашиот клуб – без нив немаше да има успеси.
Публиката е нашата најголема сила, наш играч повеќе на теренот. Тоа мора да го оправдаме со голема енергија, желба, волја и дополнителна страст за победа“, додаде тој.
И покрај тежината на задачата, популарниот стратег има самодоверба во ракометарите. Тој ја испрати својата завршна порака до јавноста.
„Верувам во мојот тим, верувам во Пелистер.
Секако дека нема да биде лесно, но со голем оптимизам го чекаме натпреварот и сите посакуваме победа“, заклучи Червар пред ракометниот спектакл во Битола каде се очекува пеколна атмосфера.





































