Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап во квалификациите за отвореното првенство на САД.
Нашата најдобра тенисерка претрпе пораз уште во првата квалификациска рунда од Јапонката, Маи Хонтама по два сета игра. Мечот траеше 146 минути борба, а Јапонката го доби со 2:0.
Првиот сет донесе исклучително израмнета игра и голема драматика, каде што победничката мораше да се одлучува дури во тај-брејк. Јапонката покажа подобра концентрација во клучните поени и го освои тој дел од мечот со 7-6 (7-1).
Загубениот израмнет сет го прекрши ритамот на Ѓорческа, која го загуби првиот гем на свој сервис. тетовката успеа да го врати тоа и да дојде до израмнување 2-2, а потоа и 3-3. Сепак, Ѓорческа ги загуби и следните два свои сервиси, па пратеничката го доби сетот со 6-3, а мечот со 2:0.
За Ѓорческа ова беше петто учество на Гренд слемот во Њујорк. Лина со тоа го комплетира својот настап на сите четири Гренд-слем турнири, на кои настапи годинава.
Најголемиот резултат, тетовката го направи на Вимблдон каде преку квалификациите, се пласира на главниот дел од турнирот во Лондон.






























