Екипата на тетовска Шкендија го продолжува максималниот учинок во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци вечерва во Скопје, го добија дерби дуелот од од 4.коло против екипата на Струга Трим Лум. Натпреварот одигран на теренот крај ФФМ, заврши со победа на Шкендија со 2-1.

Актуелниот вицепрвак во првиот дел два пати ја затресе мрежата на стружани. за тоа се погрижи Ндзенгуе кој во 29.минута го отвори резултатот., Сепак, неговиот втор гол беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел односно 58.минута, Малески од пенал го израмни резултатот. Клучниот момент се случи на четири минути пред крајот (86) кога беше досуден пенал на спротивната страна. Бесарт Ибраими беше сигурен реализатор за 2-1 и четврта победа на тетовци во исто толку одиграни натпревари.

Шкендија сега има максимални 12 бодови на пр вата позиција, пред Тиквеш, Силекс и Струга кои имаат по 7.

Во следното коло, дербито е меѓу Шкендија и Силекс, а интересно че биде и во Кавадарци каде ќе гостува Вардар.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање