Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон.
Таа е прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција на која и успеало тоа (ова важи и за мажите бидејќи Александар Китинов има настапи, но во игра на двојки).
Ѓорческа во 3.коло од квалификациите ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови (6-1 и 6-2) за 73 минути игра.
Ѓорческа во квалификациите постигна три победи, елиминирајќи ги Анхела Фита Болуда (Шпанија) и Франциска Жорге (Португалија). Денешната ривалка беше 20-та носителка во квалификации и 127. ма рангирана тенисерка.
Извлекувањето за главниот турнир ќе се одржи утре (петок).




























