Борачите ги донесоа првите (три медали) за македонските спортисти на Медитеранските игри Таранто 2026. Попладнево Иако имавме двајца финалисти, сепак златото беше недостижно, па епилогот е две сребра и бронза.
Во првата и тоа финална во во категоријата до 74 килограми настапи Фати Вејсели. Тој за противникот го имаше албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев кој ја доби борбата со 0-4.
Во втората борба во категоријата 86 килограми Ахмад Магомедов ја освои бронза. Тој го победи Италијанецот, Габриеле Николини, со технички туш (10-0).
Реџеп Хајдари се бореше за златото во категоријата до 97 килограми.
Во финалето тој беше поразен од Даурен Куруглиев кој настапува под грчко знаме со 6-0, па Хајдари како и Вејсели мораше да се задоволи со среброто.

































