македонскиот фудбалска вицешампион Шкендија, вечерва ќе го игра шестиот натпревар во Конференциската лига сезонава.

Тетовци во Скопје, ќе бркаат гол негатива во дуелот против шкотскиот Хибернијан. Ова откако на првиот меч во Единбург, Шкендија загуби со 1:2 во натпреварот од третото квалификациско коло.

Иако станува збор за тим кој доаѓа од квалитетната Шкотска лига, сепак, избраниците на Артим Положани, веруваат дека може да излезат како конечни победници во двомечот.

Инаку за Шкендија вечерашниот ќе биде вкупно 75-ти натпревар на европската сцена. Тетовци со тоа ќе го надминат Вардар (74), и ќе станат клубот со најмногу одиграни европски натпревари, кога во прашање се македонските екипи.

Вечерашниот дуел меѓу Шкендија и Хибернијан што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, ќе почне од 20 часот.

Следете нé на социјалните мрежи