Отворен и офанзивен фудбал одиграа Баерн и Арсенал во дербито на вечерта од 3.коло во Лигата на шампионите. Дуели на „Алијанц“ арена во Минхен заврши без победник, со по два постигнати голови (2-2).
По почетното испутување на силите, нешто по офанзивно тргна англискиот пвак., Тоа донесе и водство, кофа Езе во 25.минута ја затресе мрежата на Нојер за 0-1 за Арсенал.

Тоа како да ги подразбуди фудбалерите на германскиот првак, па тие ја презедоа иницијативата.
Се играше 35.минута кога Хари Кејн од својата половина одлично во празно го проигра Алфонсо Дејвис. Нему му остана полесната задача, изби сам пред Давид Раја и го совлада за израмнување на 1:1.
И во вториот дел иста слика на теренот. Двете екипи се обидуваа да стигнат до втор погодок, а тоа му успеа на домаќините.
Во 58.минута, Јуриен Тимбер играше со рака во шеснаесетникот на Арсенал, па беше досуден пенал за Баварците. Сигурен реализатор беше Хари Кејн за водство на Баерн од 2-1.

Но, англискиот шампион не се предаде. Избраниците на Артета беа решени од Минхен да заминат не поразени.
Тоа го остварија благодарение на погодокот на Деклан Рајс во 82.минита, а по асистенцијата на Виктор Ѓокереш, за конечни 2-2.


































