Екипата на Црвена звезда ќе почека на првата победа во УЕФА конференциската лига. Белградските црвено-бели, вечерва пред својата публика одиграа 2-2 во дуелот со Копенхаген, а во натпревар од второто коло.

Младиот македонски фудбалер, а сениорски репрезентативец Матеј Гаштаров несреќно ја затресе сопствената мрежа. Во тек беше 29.минута кога Бејхмо нафрли во казнениот простор на домаќините. При обид да ја расчисти ситуацијата Гаштаров ја затресе сопствената мрежа и му донесе предност на Копенхаген со 0-1.

Сепак, Црвена звезда, со два прекрасни гола, брзо направи целосен пресврт за водство од 2:1 уште во првото полувреме. Белграѓани израмнија само пет минути подоцна (34-та). По брз контранапад, Тими Елшник ја прими топката и од работ на шеснаесетникот, ја испрати во мрежата. Во 41.минута, дојде и пресвртот. По долгата упатена топка од Ристиќ, одлично реагираше Василије Костов кој со убав гол донесе водство на домаќините од 2-1.

Во вториот дел, гостите од Данска успеаја да го израмнат резултатот. Во тек беше 70.минута кога Аргентинецот, Каризо исфрли од игра двајца противнички фудбалери и со удар од работ на шеснаесетникот погоди мрежата на домаќините за 2:2.