Екипата на Шкендија со пораз минимален пораз се враќа од Шкотска. Тетовци загубија со 2-1 од Хибернијан, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига.

Македонскиот вицешампион Шкендија одигра дисциплинирано и организирано прво полувреме на гостувањето кај Хибернијан.

Домаќинот очекувано имаше поголем посед на топката и се обидуваше да создаде притисок пред голот на тетовци. Но, избраниците на Положани успешно ги неутрализираа најголемиот дел од нападите. Цврстата одбрана и компактната игра не му дозволија на шкотскиот претставник лесно да дојде до изгледни можности.

Шкендија својата шанса ја бараше преку брзи контранапади и прекини. Во неколку наврати успеа да ја префрли играта на противничката половина и да покаже дека може да биде опасна. Сепак по првиот дел резултатот остана почетниот 0-0.

Во вториот дел, многу поефикасна игра и три постигнати голови.

Хибернијан прв стигна до водство, но радоста на шкотскиот претставник траеше само две минути. Овен Елдинг во 74.минута ја затресе мрежата на тетовци за 1:0. Сепак, Шкендија веднаш возврати преку Марко Ѓорѓиевски. Откако влезе во игра во 73-тата, само три минути подоцна (76) Ѓорѓиевски израмни на 1-1.

Само што почна последната минута, невнимателност на тетовци во одбраната, но и со многу среќа, ја казни Варен Охора, за 2-1 и победа на Хибернијан.

Сепак голот негатива не е недостижен, а Шкендија ќе треба да одигра уште похрабро на реваншот во Скопје за седум дена.

Гоце Михајлоски