Од денеска до 15 август во Гевгелија и Скопје ќе се одржи Европското првенство за кошаркари до 16 години. Ова е второто квалитативно натпреварување, односно „Б“ дивизија.

Како домаќини, македонските кадети своите натпревари ќе ги играат во Гевгелија во салата „26 април“.

Македонија се наоѓа во групата „Б“ заедно со селекциите на Кипар, Исланд, Хрватска, Швајцарија и Украина. Првите две репрезентации од групата ќе обезбедат пласман во четвртфиналето. Тоа е и примарна цел за избраниците на селекторот Дејан Стојановски.

Прв предизвик попладнево е селекцијата на Кипар во натпреварот што ќе почне од 18.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇.

Сите натпревари Македонија ќе ги игра во истиот термин (18.30 часот). Влезот во салата е слободен, како кадетите би имале ѓто е можно поголема поддршка.