Македонскиот фудбалски вицепрвак Шкендија, вечерва ќе го игра петтиот натпревар во УЕФА Конференциската лига.
Тетовци гостуваат во Шкотска кај тимот на Хибернијан, во првиот меч од третото квалификациско коло.
Тоа сигурно ќе биде голем предизвик за тетовската екипа, која сака да ја продолжи успешната европска приказна.
„Дојдовме со многу мотивација и секако е многу важен натпревар за нас да се соочиме со ваков тим.
Не знам многу за тимот, но слушнав многу за нив. Се подготвувавме да се соочиме со нив по последниот натпреварпред нивната публика.
Нема да биде прв пат да играме пред ваква публика, бидејќи и минатата сезона одигравме неколку големи натпревари со многу навивачи. Значи, нема да биде нешто ново за нас, навикнати сме да играме во ваква атмосфера.Секако е голем предизвик за нас“, изјави Фабрис Тамба.
Натпреварот што ќе се игра во Единбург, на стадионот „Истер роуд“, ќе почне од 20 часот. Телевизиски пренос ќе врши вториот сервис на МРТ(2).



































