Македонскиот тенисер Калин Ивановски ги загуби мечот од првото коло на Челинџер турнирот во Сплит со 2-1 во сетови . Подобар од него беше хрватскиот тенисер Дује Ајдуковиќ, кој беше победник на фјучрсот во Дубровник. Ивановски го доби првиот сет во тај брекот, но потоа во следните два освои само два гема – резултат по сетови: 6:7 (3:7); 6:1 и 6:1. Мечот траеше 2 часа и 8 минути.
Мечот почна во знакот на Ајдуковиќ кој поведе со 3:0 во гемови, а потоа водеше и со 4:1. Сепак Ивановски успеа да направи брејк за да намали на 4:3, а потоа и изедначи – 4:4. До крајот на сетот немаше брејкови, па првиот сет беше решен во „13.та игра“. По 2:2 на поени македонскиот тенисер освои четири поени за 6:2 и потоа ја искористи втората сет топка. Подобриот ретрн му овозможи предност на Ивановски.
Во следните два сета нашиот тенисер освои само два гема и Ајдуковиќ ги доби сетовите без проблеми. Поискусниот противник – Дује Ајдуковиќ се врати во игра откако го подигна нивото на играта, а во третиот сет освои многу поени на прв сервис.
За Калин Ивановски остануваат уште мечевите во двојки на турнирот во Сплит.