Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во петок, ќе го играат најважниот натпревар сезонава во АБА лигата.

Дуелот против Сплит, кој сино-белите мора да го добијат, а со тоа и да ги задржат шансите за избегнување на последното место кое води во второлигашката конкуренција.

За остварување на целта, на играчите неопходна им е поддршката од навивачите, па затоа во клубот решија вратите на „Јане Сандански“ да бидат отворени за сите кои сакаат да го бодрат МЗТ.