Дуелот меѓу Бразил и Норвешка многумина со право го нарекуваат дерби четвртфиналето на фудбалскиот Мундијал.
Петкратниот светски шампион Бразил, а брка својата прва светска титула од 2002 година. Скандинавците, предводени од еден од најдобрите напаѓачи на планетата Халанд, ја бараат своја шанса да остварат историски подвиг.
Бразил стигна до осминафиналето како прва селекција во групата Ц.
По почетниот нерешен резултат со Мароко (1:1), следеа убедливи победи против Хаити (3:0) и Шкотска (3:0). Сепак, вистинскиот тест за карактерот беше виден во првиот натпревар од нокаут фазата против Јапонија.
Норвешка , од друга страна, го освои второто место во група И, зад моќната Франција. Тие забележаа победи против Ирак (4:1) и Сенегал (3:2), а беа поразено од Франција (1:4). Во осминафиналето, Норвежаните испишаа историја. Во тежок натпревар против Брегот на Слоновата Коска, тие победија со 2:1.
Она што го прави овој натпревар посебен е еден неверојатен факт од историјата на нивните дуели. Имено, Бразил никогаш во својата богата историја не успеал да ја победи Норвешка. Во четири одиграни натпревари, Норвежаните победија двапати, додека два натпревари завршија нерешено.
Како ќе биде вечерва во Њу Џерси каде од 22 часот ќе почне натпреварот останува да видиме. Победникот од овој дуел во четвртфиналето за противник ќе го има подобриот од натпреварот меѓу Мексико и Англија.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
































