Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе се бори за трофејот на турнирот во Скопје. Во полуфиналето на „Македонија опен“, Ивановски поголема борба и во три сета го порази бугарскиот тенисер Јанаки Милев со 2:1.
Во мечот што траеше 2 часа и 44 минути, првиот сет Калин го доби со 6-4, во вториот противникот возврати препуштајќи му на македонскиот тенисер само два гема (2-6).
Голема борба се водеше во решавачкиот трет сет. Клучниот момент се случи единаесеттиот гем, кога Калин направи брејк за во 6-5. Ивановски го искористи својот сервис во наредниот гем и го доби сетот со 7-5, за конечни 2:1 во сетови.
Противник на Ивановски во финалето закажано за утре ќе биде подобриот од мечот меѓу Владислав Орлов од Украина) и Србинот, Стефан Поповиќ.

































