Вистинска НБА драма во „Крипто.ком Арена“ донесе спектакуларен пресврт и деветти последователен триумф за домашниот состав. Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс предводени од Квентин Грајмс и Лука Дончиќ го совладаа Шарлот со 118:114.
Гостите имаа двоцифрена предност, но домаќините ја добија последната четвртина со 30:17 за израмнети 111:111. Херој беше Квентин Грајмс, кој на 1,7 секунди до крајот погоди тројка по асистенција на Дончиќ. Тоа беше негова десетта тројка од четиринаесет обиди во овој нереален натпревар на кариерата.
Грајмс го круниса фантастичниот настап со вкупно 47 постигнати поени и шест освоени скока. Одличен придонес во победата имаше и словенечкиот суперѕвезда Лука Дончиќ со 36 поени, шест скока и седум асистенции. Во поразениот состав на Шарлот Хорнетс најефикасен беше Брендон Милер со 28 поени. Лос Анџелес Лејкерс сега е лидер со 13 победи и два порази, додека Шарлот има ефект од 4-10.
Резултати:
ТОРОНТО – ЊУЈОРК 102:111
САН АНТОНИО – ДЕТРОИТ 93:105
МИНЕСОТА – ПОРТЛАНД 106:105
ЛОС АНЏЕЛЕС КЛИПЕРС – ЈУТА 107:132
ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС – ШАРЛОТ 118:114

























