Вториот осминафинален натпревар на Светското фудбалско првенство меѓи Франција и Парагвај е оценет како дуел на „Давид и Голијат“.

Од едната страна е Франција, актуелниот светски вицешампион, тим кој досега славеше низ турнирот и се чини дека е најсериозен кандидат за титулата. Од другата е Парагвај, репрезентација која направи сензација во осминафиналето елиминирајќи го четирикратниот светски шампион, Германија.

Тимот на Дидие Дешан се стреми кон трето последователно финале на Светското првенство. Парагвајците пак се надеваат дека ќе го повторат својот најголем успех – пласман во четвртфиналето.

Ова нема да биде прв пат двете нации да се сретнат во нокаут фазата на Светското првенство. Постарите фудбалски фанови ќе го паметат дуелот од осминафиналето во 1998 година. Тогаш домаќинот Франција едвај го скрши отпорот на исклучително борбените Парагвајци. Натпреварот беше решен дури во 114-тата минута, кога Лоран Блан го постигна првиот „златен гол“ во историјата на Светските првенства.

Се освен триумф на Франција би било уште една голема сензација, но Парагвај веќе потврди дека тоа може да го стори.

Победникот од овој меч што ќе почне од 23 часот, во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Канада – Египет кој стартува во 19 часот.

Бр.📅 Датум⏰ Час👑 1/16 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🔥 1/8 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час⚡ 1/4 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🚀 Полуфинале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🏆 Финална Фаза📍 Град⚽ Рез.
⚙️ Отвори СпортПлус Менаџер за резултати

⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)