На Светското фудбалско првенство остануваат уште три слободни места за осминафиналето. Тие ќе бидат пополнето со одигрувањето на вечерашните натпревари.

Актуелниот светски шампион Аргентина ја има најлесната задача.

Лионел Меси и Аргентинците за противник го имаат составот на Зелено Р’тските острови. Се освен победа на „гаучосите“ во регуларните 90.минути би било вистинска сензација. Веројатно ниту најголемите оптимисти од противничкиот табор, не очекуваат поинаков исход освен триумф и пласман на Аргентина во осминафиналето.

А, противник таму ќе биде подобриот од првиот денешен натпревар меѓу Австралија и Египет.

И на овој дуел што ќе се игра во Дсалас, има фаворит. Тоа е африканската селекција на Египет предводена од Мохамед Салах. Сепак, популарните „кенгури“ не се за потценување. Австралијците го потврдија тоа уште во првото коло кога ја совладаа Турција. Дуелот меѓу Австралија и Египет ќе почне од 20 часот, а на полноќ ќе играат Аренита и Зелено Р’тските острови.

Последниот патник во осминафиналето ќе го дознаеме во раните утрински часови.

Колумбија и Гана по мечот што ќе почне во 3.30 по полноќ, ќе го дадат противникот на Швајцарија во осминафиналето.

Бр.📅 Датум⏰ Час👑 1/16 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🔥 1/8 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час⚡ 1/4 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🚀 Полуфинале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🏆 Финална Фаза📍 Град⚽ Рез.
⚙️ Отвори СпортПлус Менаџер за резултати

⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)