Хрватска и Португалија ноќеска во Торонто ќе се „судрат“ во шеснаесетина финалето на Светското првенство во фудбал.
Натпреварот привлекува голем интерес поради присуството на Кристијано Роналдо и Лука Модриќ. Роналдо, на 41 години, игра на последното светско првенство во кариерата. Модриќ повеќе од една деценија е носител на хрватската репрезентација.
Хрватска настапуваше во група Л, заедно со Англија, Гана и Панама. По поразот од Англичаните (2:4), следуваа победите над Панама (1:0) и против Гана (2:1). Хрватска заврши второ во групата и обезбеди пласман во елининациската рунда.
Португалија по неочекуваното „реми“ (1:1) против Конго, славеше убедливо со 5:0 против Узбекистан. Роналдо тогаш постигна два гола, но на дуелот со Колумбија, Португалците одиграа без голови (0:0).
Хрватска само еднаш славела над Португалија
Ова ќе биде нивниот прв дуел во „нокаут“ фазата на Мундијалите.
Хрватската репрезентација нема добар резултат против Португалија. Во десет претходни натпревари, тие победија само еднаш, одиграа двапати нерешено и загубија седум пати. Последниот пораз, беше пред две години во Лигата на нации кога Португалците победија со 2:1.
Победникот од вечерашниот натпревар што ќе почне во 1 часот по полноќ, ќе игра во осминафиналето против подобриот од од Шпанија и Австрија. Тој меч е прв на денешната програма и тоа од 21 часот.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|


































