Репрезентацијата на Норвешка е првата европска земја што обезбеди осминафинале на фудбалското Светско првенство.
Норвежаните во Арлингтон, Тексас, во шеснаесетина финалето ја совладаа селекцијата на Брегот на Слоновата коска со 21.
Интересен фудбал понудија двете репрезентации. Во првиот дел по неколкуте создадени шанси на двете страни, Норвежаните беа оние кои го отворија резултатот.
Се играше 39.минута кога Антонио Нуса на ефектен начин го погоди аголот од голот на противникот за водство на Норвешка од 1-0. Тоа беше и резултат со кој се замина на пауза меѓу двете полувремиња.
Во вториот дел уште поотворена игра особено на африканската селекција која со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување. Тоа им успеа на фудбалерите на Брегот на Слоновата коска во 73-тата минута. По двојната акција на Адами Дијало со Пепе, фудбалерот на Манчестер Јунајтед погоди за 1-1.
И кога полека се ближеше крајот на регуларните 90.минути, а сите се подготвуваа за продолженија, нов гол. Овојпат се затресе мрежата на африканската репрезентација, а стрелец беше кој друг ако не Ерлинг Халанд.
Така Норвежаните за прв пат во својата историја успеаја да ја инат првата елиминациска фаза. Во втората, осминафиналната, за противник Норвешка ќе го има Бразил.
































