Во седиштето на Европската ракометна федерација, Виена, се одржа ждрепката за новата сезона во Лигата на шампиони
Македонскиот првак Вардар ги дозна своите противници со кои ќе одигра шест натпревари. Вардар ќе биде сместен во Б групата, заедно со Нант, Мелсунген и Висла Плок.

Новиот систем на натпреварување наметнува цел и пласман меѓу првите два тима, а тие ќе продолжат понатаму во шампионската лига. Трето и четврто пласираите ќе се преселат во втората квалитативна конкуренција односно Лига Европа.
Според претходно најавениот календар, новата сезона во Лигата на шампионите треба да почне на 9 или 10 септември.
Распоред на натпревари на Вардар
1 коло, 9/10.9.2026, Meлсунген – ВАРДАР
2 коло, 16/17.09.2026, ВАРДАР – Нант
3 коло, 7/8.10.2026, ВАРДАР – Висла Плоцк
4 коло, 14/15.10.2026, Висла Плоцк – ВАРДАР
5 коло, 21/22.10.2026, ВАРДАР – Мелсунген
6 коло, 27/28.10.2026, Нант – ВАРДАР



































