Новиот, 15-ти ден на Мундијалот, носи нови возбудувања со дуелите од последното 3.коло во групите Г, Х и И.
Во овие конкуренции единствено сигурни се селекциите на Франција и Норвешка како патници во 1/16-финалето. Нивниот вечерашен меѓусебен дуел само ќе решава која селекција ќе биде прва, а кога втора. Сенегал и Ирак ќе се борат за три бода кои евентуално би ги одвеле меѓу 32-те селекции во нокаут фазата. Дуелите од оваа група ќе почнат истовремено во терминот од 21 часот.
📅
⏰
👑 И група
Град
⚽
#
Тим
Натпревари
Победи
Нерешено
Порази
Голови
Гол-разлика
Бодови
Дерби ќе се игра и во Гвадалахара, Мексико во рамките од Х групата. европскиот шампион Шпанија која е лидер во оваа конкуренција за противник ќе го има Уругвај кој заостанува два бода зад „црвената фурија“. Кикс (пораз), Шпанците може да ги доведе во ситуација на крајот да завршат како трети на табелата.
Евентуален пак пораз на Уругвајците чекаат фудбалерите на Зеленортските острови и Саудиска Арабија. Двете селекции кои играат меѓусебно, имаат ист број бодови, односно еден помалку од Уругвајците.
📅
⏰
👑 Х група
Град
⚽
#
Тим
Натпревари
Победи
Нерешено
Порази
Голови
Гол-разлика
Бодови
Потполно иста е ситуацијата и во групата Г во која лидер е Египет. Популарните „Фараони“ за противник рано наутро (5 часот) ќе го имаат Иран кој како и Белгија имаат по два бода досега. Белгијците во последната рунда ќе играат со аутсајдерот Нов Зеланд.
РК Вардар се враќа во ЕХФ Лигата на шампионите по четири години пауза. Тимот доби специјална вајлд-карта од ЕХФ за настап во елитното натпреварување....