Четиринаесеттиот ден на Светското првенство ја носи конечната разврска во групите А, Б и Ц по кои ќе се знаат селекциите кои сигурно ќе играат во следната фаза и оние што ќе чекаат.

Разврската ќе започне во Б групата во која се игра дербито за 1.место меѓу Канада и Швајцарија селекции кои се со три бода повеќе во однос на конкурентите. Бод им врши работа на обете репрезентации бидејќи во вториот меч БиХ и Катар ќе играат за третата позиција.

Двата натпревари, во Ванкувер и Сиетл, стартуваат во ист термин од 21 часот.

📅 👑 Б група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови

На полноќ, закажан е почетокот на натпреварите во Ц групата во која аутсајдерот Хаити кој нема освоено бод, за противник го има Египет кој има три. Ако „Фараоните“ ја потврдат фаворитската улога и ги освојат трите бода, може лесно да се пробијат до првото место. Ова имајќи во предвид дека Бразил и Шкотска кои имаат четири бода играат меѓусебно.

📅 👑 Ц група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови

Во групата А, веќе е јасно дека ко-домаќинот Мексико е сигурен патник во 1/16-финалето.

Мексиканците веќе остварија две победи и имаат 6 бодови, па дуелот против Чешка би бил само за потврда на првата позиција. На Чесите пак им е потребна победа, а потоа да го чекаат и исходот од вториот натпревар меѓу Јужна Африка и Јужна Кореја. Во него Корејците се во по поволна ситуација бидејќи веќе имаат три освоени бодови.

Овие два натпревари, во Монтереј и Мексико Сити, ќе стартуваат во 3 часот по полноќ.

📅 👑 А група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови