Хрватска, со големи тешкотии, ја победи Панама со што остана во игра за пласман во следната фаза Мундијалот.

Дуелот од Л групата одигран во Торонто, Хрватите го добија со минимален резултат од 1:0.

Натпреварот мина во слаб настап на „ватрени“ во првото полувреме, но многу подобра реакција во второто. Клучниот момент се случи во 54.минута кога Анте Будимир го постигна победничкиот гол за Хрватите.

Сега Хрватите се во игра дури и за првата позиција имајќи в предвид дека Англија и Гана одиграа 0-0, па двете селекции имаат по 4, а Хрватска 3 бода.

Натпреварот беше и историски бидејќи капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, го одигра својот 200-ти настап за националниот тим .

📅 👑 Л група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови