Фудбалерите на Јапонија ја забележаа најубедливата победа на својата земја на нивните настапи на Светските првенства.

Јапонците на јубилејниот 1000 натпревар на Мундијалите го совладаа Тунис со 4-0 во натпревар од Ф групата.

„Самурајците“ го покажаа својот напаѓачки потенцијал во претходното реми 2:2 со Холандија, а сега дополнително го потврдија тоа против аутсајдерот. Јапонија ја оствари најубедливата победа во историјата на своето учество на Светските првенства, почнувајќи со Франција во 1998 година.

Стрелци за Јапонија беа: Даичи Камада (5.минута), Ајасе Уедо (31 и 84) и Џуња Ито (69).

Последното коло во Групата Ф ќе биде многу интересно бидејќи Холандија и Јапонија се изедначени со четири бода, додека Шведска е три бода зад нив. Јапонците ќе се соочат со Швеѓаните на 26 јуни во 1:00 часот по средноевропско време.

📅 👑 Ф група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови