Настапот во Европската лига 2026 машката репрезентација на Македонија го заокружи половичен ефект

Во последниот меч одигран во Пришптина, малкеодмските одбојкари се поразеноод Израел во три сета со 19:25, 19:25 и 14:25.

Најдобрите македонски одбојкари се обидоа да се спротивстават и особено во првите два сета понудија силен отпор, но не најдоа начин како да го изненадат фаворитот.
Никола Ѓоргиев реализираше 15 поени, Филип Савовски имаше седум, додека Стојан Илиев запиша пет, а Лука Костиќ и Кристијан Илијев по три поени.

Така Македонија годинешното издание од Европската лига го затвори со „скор“ од три победи и три порази.

Избраниците на Јошко Миленкоски сега ќе имаат краток одмор, а потоа ги чекаат подготовки за настап на Европскиот шампионат во Бугарија во септември.