Единаесеттиот ден од Светското првенство ги носи клучните случувања во 2.коло од Г и Х групите. Преку богата програма, што се протега од недела попладне, до понеделник наутро, ќе следиме возбудливи дуели од Мексико преку САД.
Програмата ќе ја отворат европските шампиони, Шпанците кои во Атланта ќе играат против Саудиска Арабија. Моќната „црвена фурија’“ ќе се обиде да ја оправда својата улога на фаворити иако тоа не го стори на првиот меч со Зеленортските острови играјќи без голови. Сега со победа над Арабија, селекцијата на Шпанија може да обезбеди место во нокаут фазата.
Ова е дуел од Х групата во која сите репрезентациите имаат по еден бод. Во иста улога како Шпанците се и Уругвајците. Тие пак во првото коло одиграа 1-1 со Арапите. Затоа и ним им е потребна победа, која дополнително ќе ги мотивира за следните натпевари.
| 📅 | ⏰ | 👑 Х група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|

Идентична е ситуацијата и во групата Г во која сите четири селекции имаат по еден бод.
Белгијците и Египќаните веќе го одиграа меѓусебното дерби, па сега ги чекаат „полесните“ натпревари. Селекцијата на Белгија која е главен фаворит во оваа конкуренција игра против незгодниот Иран. Репрезентацијата на Египет важи за фаворит во мечот со Нов Зеланд/.
| 📅 | ⏰ | 👑 Г група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|






























