Попладнево во Првата фудбалска лига, ќе се игра еден натпревар 0д седмото коло. Во Кратово тимот на Силекс ќе ја пречека штипска Брегалница.
Ова е дуел на екипите кои неочекувано се во долниот дел од табелата, откако немаат остварено победи одамна.
Кратовци кои важат за едни од претендентите за највисок пласман се во лоша серија од три порази. Избраниците на Александар Васоски ги загубија сите три дерби дуели одиграни во низа со Вардар, тетовска Шкендија и Струга Трим Лум. Шансата да се вратат на победите, а со тоа и барам малку да фатат приклучок со водечките екипи, кратовци ќе ја бараат денеска.
Против себе Силекс ќе ја има екипата на Брегалница која исто така ги загуби последните два првенствени натпревари. Toa резултираше со промена на стручниот штаб, а потоа и победа над Охрид во купот.
Силекс во моментов е седми на табелата со седум освоени бодови, а со еден помалку Брегалница е осма. Ќе има ли нови бодови и промена на табелата, за едната или другата екипи останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 15.45 часот.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|




































