Во Првата македонска фудбалска лига денеска се одигра еден натпревар од 7.коло. Во Куманово актуелниот шампион Вардар не ја оправда фаворитската улога во дуелот Башкими кој беше последно пласираниот пред овој натпвевар.

Кумановци имаа предност од 2-0, Закариќ со два гола направи пресврт, но на крајот натпреварот за заврши без победник 3-3.

Домаќинот одлично го полна натпреварот и за десетина минути направи два гола предност. Башкими поведе преку Исмаили во 21-ватам, а во 33.минута Да Силва зголеми на 2-0. Имаа одлична шанса домашните фудбалери и за трет гол, но не ја искористија, а на спротивната страна следуваше казна. Се играше 37.минута кога Давид Бабунски ја затресе домашната мрежа и намали на 2-1.

Во вториот дел на стената стапи Гоан Закариќ кој со два брзи гола направи комплетен пресврт. Босанскиот интернационалец во 70.минута по соло акцијата со прекрасен удар го совлада домашниот голман Стојковски и израмни на 2-2. Само две минути подоцна Закариќ беше одлично проигран од Спахију и погоди за водство на Вардар од 2-3.Но и тоа не беше доволно Вардар да стигне до трите бода. Домашниот состав на Башкими покажа голема желба и борбеност против шампионот, а тоа се исплатеше на три минути пред истекот на 90-ттата. По брзата акција од десната страна Саити успеа да ја надмудри вардаровата одбран и да го совлада Талески за израмнување на 3-3.

Со само едниот освоен бод, а вкупно 11 , Вардар останува на четвртото место на табелата зад тетовска Шкендија, Струга Трим Лум и Тиквеш. Составот на Башкими е сега претпоследен со 4 бода, еден повеќе од Скопје во понеделник и гостува на арачиновска Шкендија. За утре во Кратово е закажан дуелот меѓу Силекс штипска Брегалница.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање