Прволигашката македонска фудбалска конкуренција денеска носи само еден натпревар од седмото коло. Tоа е дуелот што ќе се игра во Kуманово во кој кај последно пласираниот состав на Башкими гостува актуелниот првак Вардар.

Вардарци ја имаат улогата на апсолутен фаворит во дуелот со кумановци, кои низата од пет порази од почетокот на првенството, ја прекинаа минатата недела со триумфот против Скопје.

Вардар пак кој загуби два дерби натпревари (Шкендија и Струга Трим Лум), одигра и нерешено со Тиквеш, па со 10 освоени бодови е на четвртото место на табелата. Евентуален триумф на скопските црвено-црни ќе им донесе прогрес од една позиција. Тие би го минале Тиквеш со бод повеќе, а би имале еден помалку од второ пласираната Струга Трим Лум.

Дуелот од меѓу Башкими и Вардар ќе стартува во терминот од 16 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање