Сестрите Јасмина и Нина Попови во новата сезона ќе бидат дел од прволигашот Гевгелија Југ, кој продолжува како наследник на екипата на Гевгелија.

Двете ракометарки во минатото го носеа дресот на Вардар, а сега ќе претставуваат дел од ростерот на гевгелискиот тим во прволигашката конкуренција.

Нина Попови зад себе има и настапи за младинските репрезентативни селекции на Македонија, додека Јасмина во својата кариера покрај Вардар настапуваше и за Чаир и Ѓорче Петров.

Со нивното ангажирање, Гевгелија Југ добива искусни ракометарки и дополнителен квалитет пред дебитантската сезона во Првата лига.

Ивона Кимовска