Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, штипска Брегалница се израдува на првата првенствена победа.

На натпреварот од 2.коло одигран во Штип, фудбалерите на Брегалница ги израдуваа своите навивачи, совладувајќи го Аресими со 4-0.

Дека се решени да стигнат до трите бода, штипјани потврдија уште во воведниот половина час. Уште во 10-тата минута по нафрлување на Методи Максимов кој одлично го пронајде Мартин Стојанов, Брегалница поведе со 1-0. А, токму Максимов во 28.минута ја затресе мрежата на противникот и зголеми на 2-0. Во вториот дел, односно 50-тата минута Стојанов вторпат се пиша во листата на стрелците и зголеми на 3-0. Конечниот резултат 4-0 го постави Тасев со погодокот во 86-та минута.

Потсетување дека во првиот денешен натпревар, Тиквеш го декласира Башкими, а вчера Шкендија Арачиново и Силекс одиграа без победник.

Утре во терминот од 17 часот ќе се одиграат последните два натпревари. Секако целосното внимание ќе биде насочено кон дербито меѓу Вардар и Шкендија Тетово.