Денешниот дел на Мундијалот носи два нови натпревари, а во 2 часот по полноќ ќе се игра и третиот. По овие натпревари ќе бидат комплетирани уште два пара за осминафиналето.
18:00 АНГЛИЈА – КОНГО
Програмата ќе биде е отворена со дуелот во Атланта, каде играат селекциите на Англија и Конго.
Англичаните се апсолутни фаворити во овој дуел и се освен победа на „Гордиот албион“ би било огромна сензација. Хари Кејн е во одлична голгетерска форма, но тука и Џуд Белингам кој секогаш е голема опасност за противничкиот гол. Сепак Конго не смее да биде потценет, бидејќи веќе направи едно изненадување, играјќи нерешено (1-1) во првото коло против Португалија.
22:00 БЕЛГИЈА – СЕНЕГАЛ
И во вечерниот термин од 22 часот во Сиетл ќе се игра вториот европско-африкански дуел. Во него Белгијците за противник ќе го имаат секогаш незгодниот Сенегал. Селекцијата на Белгија со два нерешени исходи го почна Мундијалот. Сепак кога беше најпотребно Белгијците го демолираа Нов Зеланд со 5-1 и потврдија дека не случајно се меѓу петте селекции фаворити на првенството. Но и Сенегал го направи и невозможното. Поразите од Франција и Норвешка не ги поколебаа Сенегалците. Тие во последното коло од групната фаза со 5-0 славеа над Ирак.
А, победникот од овој натпревар во осминафиналето оди на подобриот од дуелот САД – БиХ.
02:00 САД – БИХ
Во 2 часот по полноќ во Сан Франциско закажан е натпреварот меѓу Американците и Босанците. Домаќините се со големи амбиции да тераат што е моќно подалеку, па дури и до самиот крај. Американците почнаа со две победи, но Турција ги приземји совладувајќи ги со 2-3. Босанците имаа потежок пат до шеснаесетина-финалето. Ремито со Канада и поразот од Швајцарија ги принуди Босанците да мораат да победат со Катар. Тоа и го сторија па заслужено Џеко и дружината се во нокаут фазата.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|































