Завршија возбудувањата во „Д“ групата на Светското првенство. И покрај неочекуваниот пораз во последното коло, Американците одат понатаму како лидери, додека гол-разликата пресуди во битката за 1/16-финалето во кое ќе игра Австралија.

Пиров се покажа триумф на Турција која во спектакуларен натпревар со пет гола ги совлада Американците со 3:2. Иако победија и ги освоија првите бодови за Турците тоа не беше доволно макар да се надеваат за минување понатаму.

Тоа поради нерешениот исход без голови 0-0 на вториот натпревар од групата меѓу Австралија и Парагвај. Така овие две селекции завршија со бод повеќе од Турците.

Друштво на Американците во шеснаесетина-финалето ќе им прават фудбалерите на Австралија кои имаа подобра гол разлика од трето рангираниот Парагвај.

📅 👑 Д група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови