РК Вардар се враќа во ЕХФ Лигата на шампионите по четири години пауза. Тимот доби специјална вајлд-карта од ЕХФ за настап во елитното натпреварување.
Македонскиот првак ја освои титулата во Суперлигата и повторно ќе игра меѓу европската елита. Кои ќе бидат вардаровите противници во шампионската лига ќе дознаеме денеска.
Новата сезона 2026/2027 носи проширен формат со 24 екипи поделени во шест групи. Првите две одат во главната фаза. Трето и четврто место продолжуваат во Европската лига. Секој натпревар ќе има голема тежина уште од стартот на групната фаза.
Вардар е сместен во четвртиот шешир и избегнува дуели со: Архус, Целје, Партизан, Криенс-Луцерн и Кристијанштад.
Кои ќе бидат трите противници против кои вардарци ќе играат во Лигата на шампионите ќе дознаеме од денешната ждрепка во Виена. Извлекувањето на групите ќе почне од 11 часот, а може да го следите ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇




























