Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го одигра вториот меч на годинашното издание на Грен-слемот во Лондон, Вимблдон.

Ѓорческа во втората квалификациска рунда славеше пресврт победа над португалската тенисерка Франциска Жорге во три сета. Мечот што траеше 2 часа и 23 минути Ѓорческа го доби со 2:1 во сетови.

Португалката во првиот сет, што траеше 50 минути, успеа да направи три брејка и да го реши во своја полза со 7-5. Вториот почнав со брејк на Ѓорческа, кој е поведе и со 3-0, откако освои уште еден на сервис на противничката. Таа предност се покажа повеќе од доволна Ѓорческа да стигне до израмнување добивајќи го сетот со 6-2. Во решавачкиот трет сет македонската тенисерка на противничката и препушти само еден гем (6-1).