Македонската машка младинска селекција до 20 години ја отвори контролата со убедлива победа над БиХ од 85:55. Резултатот
уште од стартот беше во наша корист, а најголемата разлика достигна 25 поени при 74:49 во последната четвртина. Тимот на селекторот Никола Велев ја контролираше играта во сите сегменти, со силна одбрана и брза транзиција што му овозможи постојано водство и сигурност во нападот.
Марјановиќ беше најдобар стрелец со 16 поени, шест асистенции и четири скока, додека Димитриев додаде 11 поени и девет скока. Важно е да се нагласи дека сите 13 кошаркари добија минутажа и се запишаа во протоколот, што е одличен показател за длабочината на ростерот и добрата ротација.
Со оваа победа Македонија го отвори вториот дел од подготовките и покажа дека е подготвена за сериозни натпревари.Утре
од 18 часот во малата сала на СРЦ „Кале“ ќе се одигра втората контрола меѓу Македонија и БиХ, нова можност за проверка на формата и ротациите.




























