По Мексико и Канада и третиот домаќин на Мундијалот, селекцијата на САД веќе обезбеди место во првата нокаут фаза.
Американците ја остварија втората победа во Д групата совладувајќи ја Австралија во директен дуел за првото место. На мечот одигран во Сиетл, фудбалерите на САД победија со 2-0.
Од самиот почеток на натпреварот, Американците тргнаа со похрабра, офанзивна игра, а тоа вроди со плод уште во 11-тата минута. Балогун направи одличен пробив по левата страна и испрати остра топка преку земјата во шеснаесетникот. Во обид да ја расчисти ситуацијата Камерон Бургес, лошо интервенираше и си постигна автогол.
во финишот на првиот дел беше 2-0, а стрелец на голот во 43.минута беше Алекс Фримен. Голот првично беше поништен поради наводен офсајд, но судиите во ВАР собата ја исправија грешката на главниот арбитар Феликс Цвајер и неговите помошници.
Во последното коло Американците ќе играат против Турците кои првите бодови на Мундијалот ќе ги бркаат вечерва против Парагвај.

| 📅 | ⏰ | 👑 Д група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|
































