Машката одбојкарска репрезентација на Македонија трет пат се радуваше на триумф во ЦЕВ Европската лига.
Избраниците на селекторот Јошко Милошоски во три сета славеа над селекцијата на Косово.
На мечот одигран во Приштина, македонските одбојкари речиси постојано ја контролираа играта и резултатот. Ги добија првите два сета црвено-жолтите лесно со 25-12 и 25-19. Тоа доведе до опуштање во нашиот табор, па во третиот се домаќинот беше оној кој имаше предност. Противникот имаше пет поени предност од средината па се до финишот ја сето. Но, напите одбојкари покажаа карактер се вратија во игра и го добија сетот со 27-25.
Во нашиот национален тим, двоцифрен број на освоени поени имаа капитенот Никола Ѓорѓиев 13 и Стојан Илиев кој освои 11.
Во последниот меч од годинашното натпреварување во Европската лига, Македонија утре ќе игра против Израел.






























