Фудбалерите на Бразил ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со Хаваи на Светското првенство. Кариоките го добија мечот од 2.коло во Ц групата до 3-0.

Сите три гола беа постигнати во првиот дел. Првите два беа дело на Куња во 23-тата и 32.минита, вториот по асистенција на Винициус. А, токму Винициус го постигна третиот гол (45+5) и го постави конечниот резултат.

Со оваа победа и вкупно 4 бодови, Бразил е на делба на првото место со Мароко кој исто така има 4 бода. Мароканците во првиот меч од оваа група ја победија Шкотска со 1-0.